×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Петар Ристевски, Милица Савеска | MK, Говорници на Четвртата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти

Pin It

POSTER ZA WEB 5 MB

Петар Ристевски и Милица Савеска се млади архитекти и основачи на Македон БИМ – BIM/CAD компанија од Битола со повеќе од пет години искуство. Тие вешто работат со AutoCAD, Revit, SketchUp и 3D моделирање, а зад себе имаат магистерски студии по архитектура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Македон БИМ е специјализиран за изработка на прецизни 3D Revit модели, особено за „as-built“ објекти каде што конструктивните елементи се оштетени, недостасуваат или не се поклопуваат со постојната документација. Со користење на ласерско скенирање и Point Cloud технологии, тимот успешно го претвора реалниот објект во детална дигитална репрезентација.


Фокусирани на прецизност, навремена испорака и долготрајна соработка, со повеќе од 100 реализирани проекти, тимот успешно работи на јавни, станбени и деловни објекти, локално и меѓународно. Ова искуство им овозможува да нудат сеопфатни услуги, прилагодени на потребите на секој клиент, било да се работи за реконструкција, реновирање, преуредување или управување со објекти.
Петар и Милица ќе се претстават на Четвртата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти со нивната презентација „Дигиталниот јазик на просторот“, посветена на интеграцијата на Point Cloud технологиите во BIM моделирањето и современата архитектонска практика — тема која ја отсликува нивната посветеност кон иднината на дигиталната архитектура.