Предавањето на тема: “Автоматизација на деловни и станбени згради” ,се одржа на 23 Мај 2017 год. во салата за конференции при Комората на ОАИ на РМ со почеток од 11 : 15 часот. На предавањето присуствуваа 49 електро инженери од 85 електронски пријавени и околу 15 инженери кои дојдоа на предавањето со желба да присуствуваат бидејќи немале можност и тие да се пријават поради пополнетиот број на пријавени. Предавањето се одржа по планираниот протокол со кафе пауза меѓу предавањето . Задоволството на инженерите беше видливо, бидејќи ваквите предавања овозможуваат и меѓусебно дружење и соработка на професионален план.
Предавањето го отвори Претседателот на Одделението од електртехника ,Г-н. Владко Тодоровски со воведен дел и претставување на предавачите и темите на ова предавање.
Повеќе: Одржано предавањето за Автоматизација на деловни и станбени згради








На 19 мај 2017 година на факултетот за применети науки при Универзитетот во Тетово се одржа 3-тата Меѓународна конференција за применети науки на која присуствуваше претседателот на Комората со свое повикано предавање.
После предавањета кои беа одржани на Градежниот факултет областа на геотехниката, претседателот на Комората, проф.д-р Миле Димитровски имаше работен состанок со професор Ahmet Saglamer од Истанбул, Турција, каде се разговараше за продлабучување на соработка помеѓу Комората ОАИ и Унијата на Комори на турските инженери и архитекти.





