- Посети: 2128
In Memoriam
Со длабока тага Ве известуваме за смртта на членот на Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и драг пријател г-н Неџади Зулбеари!
Бевме привилегирани да го познаваме Неџади, секогаш ќе го паметиме како грижлив колега, посветен професионалец и вистински пријател.
На семејството Зулбеари, пријателите и соработниците им изразуваме искрено сочувство за оваа голема загуба!
Нека почива во мир!








На 15 октомври 2020 година, во просториите на Комората се одржа работна средба на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, претседателот на Комората и претставници од Управниот одбор.
Оваа година изминаа 3 години од имплементацијата на ИСО стандардот 9001:2015 во Комората, па согласно условите од ИСО, потребна беше ресертификација, а не само редовна контрола. Ресертификацијата вклучуваше подетална проверка, споредено со редовните годишни контролни проверки.
На 29 септември 2020 година, на платото пред претседателската „Вила Водно“ во Скопје се одржа свечена церемонија за доделување на признанието Инженерски прстен на најдобрите дипломирани студенти за 2020 година. Признанието по 17-ти пат го доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.






