- Посети: 12477
Обуки за Еврокодови - октомври 2023
Комората продолжува со голем интензитет на одржување на обуки за Еврокодови и во месец октомври 2023 година.
Спроведувањето на обуките на инженерите значи вистински придонес кон приближување на државата кон Европската Унија. Имплементацијата на стандардите на ЕУ во градежните конструкции не само што ќе значи проектирање и градење на побезбедни објекти, туку и создавање на домашен инженерски капацитет кој ќе може да биде рамноправен учесник на евроскиот, а со тоа и на светскиот пазар. Резултатите од посветеноста на Управниот Одбор на Комората на чело со Претседателката Кристинка Чулак, веќе се очигледни преку перцепцијата за зголемениот дигнитет на инженерската професија и истовремено достојната валоризација на инженерскиот труд.








На 2 октомври 2023 година во просториите на Комората се одржa стручно предавање насловено: „Презентација на биоинженерски мерки“, во организација на канцеларијата на УНДП во Скопје. Презентацијата беше поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Швајцарската агенција за развој и соработка. На почетокот се обратија Потпретседателот на Комората Дејан Метикош и проектниот менаџер на УНДП – Љубица Теофиловска. Швајцарското искуство за глобалните случувања во Биоинженерските мерки и можниот пристап за спречување на ризиците од катастрофи и управувањето со водните ресурси го пренесе г-дин Маркус Цимерман, консултантот на УНДП. Тој нагласи дека решенијата (мерките) засновани на природата ја користат моќта на здравите екосистеми за заштита на луѓето преку оптимизирање на инфраструктурата и заштитата со стабилна и биолошка разновидност.
Почитувани архитекти, дизајнери и ентузијасти, со задоволство го упатуваме нашето срдечно добредојде на шестото издание на Меѓународниот форум за архитектура SHARE Скопје 2023. Овој долго очекуван настан ќе се одржи на 10 октомври 2023 година (вторник) во Филхармонијата на Република Северна Македонија, обединувајќи професионалци и ентузијасти од цела Европа кои ќе ја истражат атрактивната тема „Добра архитектура за живеење: подобрување на животниот и работниот простор“.
Комората како членка на ИКОМОС Македонија ја пренесува објавата за симпозиумот ICOMOS CIF 2023 кој ќе се одржи на 12-ти и 13-ти октомври 2023 година во Атина (Грција), организиран во соработка со ICOMOS Hellenic и со покровителство на Националниот технички универзитет во Атина. Темата на симпозиумот која ќе биде елаборирана првиот ден е со наслов „Дизајн, образование и обука за зачувување на изграденото наследство“, додека вториот ден е резервиран за посета на Акропол.






