
На 22 декември 2023 година на пригодна свеченост по повод 16 годишнината од своето постоење се одбележа Денот на Комората и притоа се доделија по 10ти јубиларен пат четирите годишни награди во знак на благодарност и почит за творештвото на своите членови - архитекти и инженери.
Комората претставува институција со јавни овластувања која што го обединува сиот индивидуален инженерски капацитет во државата вклучен во една од најмоќните индустрии – градежништвото.
Повеќе: ДЕН НА КОМОРАТА - со доделување на 4 годишни награди за 2023 година








Институт за стандардизација на РСМ на својата веб страна објави јавна расправа за превод на македонски јазик на 39 европски стандарди од областа на Еврокодовите.
На 1 и 2 декември 2023 се одржа Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти во величенствениот амбиент на Офицерскиот дом во Битола, во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Северна Македонија под мотото „ Архитектот де факто визави архитектот де јуре.“
Комората на овластени архитекти и овластени инженери, традиционално, од 2013 година, доделува 4 годишни награди во знак на благодарност и почит за творештвото на своите членови. Наградите се именувани по проф. Борис Чипан, диплимиран инженер архитект; проф. д-р Александар - Цане Ангелов, дипломиран градежен инженер; проф. д-р Илија Черепналковски, дипломиран машински инженер и проф. д-р Станимир Јовановски, дипломиран електро инженер.
Во периодот од 2 – 3 Ноември 2023 година во Охрид се одржа Првата конференција за патна инфраструктура под наслов: „Искуства, Предизвици и перспективи“ во организација на Здружението за градежништво, градежни материјали и неметали при Стопанската комора, во присуство на највисокиот државен врв, заедно со претставници и експерти од научната фела, од државните институции и реномирани организации како што е Комората на архитекти и инженери на Република Северна Македонија. Официјални претставници на Комората на настанот беа претседателката на Комората м-р Кристинка Чулак, потпретседателот м-р Деjан Метикош и раководителката на одделението на градежни инженери проф.д-р Мери Цветковска.





