- Посети: 6025
Европскиот совет на инженерски комори (ECEC) го одржа своето 14-то Генерално Собрание во Скопје
Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија беше домаќин и организатор на 14 Генерално Собрание на европскиот совет на инженерски комори (ЕЦЕЦ), на 20 и 21 октомври 2017 година.
Настанот се одржа под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Н.Е д-р Ѓорге Иванов.
Подршка на настанот даде и Владата на Република Македонија, со присуството на Министерот без ресор, д-р Зоран Шапуриќ, кој е одговорен за измени во законската регулатива за подобрување на инвестициската клима во државата.