- Посети: 977
Одржанa еднодневна обука/стручно предавање на тема „Челична шпундова подграда, примена и изведба"
Во рамките на „Геотехнички денови 2024 на Комората“ во организација на Одделението за геотехника, на 18 април 2024 година од 11 до 15 часот, во салата на Комората, се одржa еднодневна обука/стручно предавање на тема „Челична шпундова подграда, примена и изведба".
На почетокот се обрати проф. д-р Јосиф Јосифовски како раководител на одделението за геотехнички инженери кој даде краток вовед за изборот на темата и значењето на шпундовата подграда како решение во голем број на геотехнички и градежни задачи, по него и Заменик претседателот на Комората М-р Дејан Метикош кој ги поздрави присутните и им посака успешна работа и по што започна официјалниот дел на обуката.