Предавањето на тема: “Автоматизација на деловни и станбени згради” ,се одржа на 23 Мај 2017 год. во салата за конференции при Комората на ОАИ на РМ со почеток од 11 : 15 часот. На предавањето присуствуваа 49 електро инженери од 85 електронски пријавени и околу 15 инженери кои дојдоа на предавањето со желба да присуствуваат бидејќи немале можност и тие да се пријават поради пополнетиот број на пријавени. Предавањето се одржа по планираниот протокол со кафе пауза меѓу предавањето . Задоволството на инженерите беше видливо, бидејќи ваквите предавања овозможуваат и меѓусебно дружење и соработка на професионален план.
Предавањето го отвори Претседателот на Одделението од електртехника ,Г-н. Владко Тодоровски со воведен дел и претставување на предавачите и темите на ова предавање.
Повеќе: Одржано предавањето за Автоматизација на деловни и станбени згради