Проф. д-р Мери Цветковска
Техничката комора на Грција (TEE) беше домаќин на 79-то Генерално Собрание на ECCE (Европскиот совет на градежни инженери), кое се одржа во Атина, Грција, од 10-ти до 11-ти октомври 2024 година.
79 Генерално Собрание на ECCE ги собра професионалците во градежништвото од цела Европа за да разговараат за клучните предизвици, можностите и иднината на професијата. Согласно агендата на настанот, досегашниот Претседател на ЕССЕ, господинот Андреас Бранднер, поднесе извештај за работата на ЕССЕ за последните 6 месеци. Беа изнесени два предлога за нова методологија за пресметување на висината на членарината на земјите членки на ЕССЕ, по што следеше гласање, како за Методологијата, така и за предлог буџетот на ЕССЕ за следната година.
Повеќе: Извештај од учеството на 79 Генерално Собрание на ЕССЕ