На 21 декември 2024 година (сабота) со почеток во 14:00 часот се одржа прославата на Денот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Приликата да се сретнат на едно место, за да изразат почит кон творештво во архитектурата и градежништвото во земјава и пошироко, ја искористија над 150 членови на Комората.
На седумнаесетто одбележување на Денот на Комората присуствуваа делегати на Собранието на Комората, Претседавачот Неџат Бајрами, Заменик Претседавачот Мицко Чадиковски, членови на Управниот одбор и други органи на Комората, Претседателката на ИМИ – г-ѓа Христина Спасовска, Деканите на архитектонските и инженерските факултети, претставници на градежните компании, здруженија и организации, државни и образовни институции и семејствата на наградените инженери.
Свеченоста ја отвори Претседателката на Комората г-ѓа Кристинка Чулак.
Повеќе: Ден на Комората на овластени архитекти и овластени инженери







Со задоволство ве информираме дека во сабота на 21 декември 2024 година со почеток во 14.00 часот ќе се одржи прославата на Денот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Комората ја пренесува информацијата од WFEO (Светската федерација на инженерски организации) за најновото соопштение за печатот за настанот COP 29-, Забрзување на чиста технологија за енергија и земјоделство во малите островски држави во развој, во соработка со Инженерскиот институт на Канада, Институтот за електротехника и електроника инженери и Обединетото Кралство за цивилна институција Инженери.
Комората ја пренесува информацијата од CEPLIS (Европскиoт совет на либералните професии) за извештаите на присуството на годишното собрание од Комисијата и Советот на ЕУ, како и на големата конференција за теле-здравствена заштита. Повеќе за написите за гласањето за новиот Колеџ на комесари можете да се информирате на следниот 



