- Посети: 1870
Обука за „Практични искуства при примена на FIDIC услови на договори на градежни проекти“

Во соработка со Влатко Михајлов, дипл.град.инж., Одделението на градежни инженери при КОАИ започна активност „Од членовите за членството“ и организира 10 дневна обука на тема „Практични искуства при примена на FIDIC услови на договори на градежни проекти“. Истата ќе се одржи со користење на платформата ZOOM и ќе започне во месец мај, согласно следната ПРОГРАМА.
Повеќе: Обука за „Практични искуства при примена на FIDIC услови на договори на градежни проекти“








На 08.02.2022 година се одржа Четвртиот меѓународен едукативен семинар за Проектирање одржливи објекти, во рамки на проектот “Towards Sustainable Future: Sustainable Buildings Challenge” кој е последен во Јануарско-Фебруарската сесија.
На 8 февруари 2022 година, со почеток во 14.30 часот се одржа промоцијата на книгата Градежна физика – основа на енергетска ефикасност на зградите од проф. д-р Петар Николовски. Промоцијата се одржа електронски преку платформата ZOOM, а во исто време беше пренесувана во живо на Facebook страната на Комората. На отворањето, со пригоден говор, се обрати м-р Кристинка Радевски, Претседател на Комората. Таа во своето излагање изрази задоволство што токму Комората е издавач на оваа книга и го нагласи нејзиното значење како монументално дело во струката.
На 01.02.2022 година се одржа Tретиот меѓународен едукативен семинар за Проектирање одржливи објекти, во организација на Здружението за одржлив развој ГЕНЕРА Скопје, поддржан од Меѓународниот Вишеградски фонд и во партнерство со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија.




