На 29 септември 2020 година, на платото пред претседателската „Вила Водно“ во Скопје се одржа свечена церемонија за доделување на признанието Инженерски прстен на најдобрите дипломирани студенти за 2020 година. Признанието по 17-ти пат го доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.
Повеќе: Доделување на признание Инженерски прстен 2020 година








На 18 септември 2020 година, во Службен весник на Република Северна Македонија е објавен Правилникот за урбанистичко планирање.
Објавен е Правилник за дополнување на Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање во кој се внесени ЕВРОКОДОВИТЕ како стандарди за проектирање на градежни конструкции.




