- Посети: 14213
Ценовник за инженерски услуги за високоградба

Како резултат на долгогодишните напори и вложен труд на сите тела и органи на Комората на овластени архитекти и овластени инженери од основањето до денес, на 1 декември 2022 година во Службен весник на РСМ бр.259 е објавен Ценовникот за инженерски услуги - ценовник за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата.
Преземи извадок од Службен весник на РСМ бр.259 од 01.12.2022 година








Почитувани колеги архитекти, кандидати за идни планери,
На 30-ти ноември 2022 година, во големата сала на Комора ОАИ, се одржa стручно предавање од компанијата Legrand. Присутните, во име на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, ги поздрави Владе Гроздановски, раководител на Одделението на електро инженери.
На покана на Претседателката Ruth Schagemann на второто Годишно Собрание на АСЕ за 2022 година, што се одржа во Брисел на 24 и 25 ноември, присуствуваа Претседателката на КОАИ Кристинка Радевски и Раководителката на одделението на Архитекти Веселинка Герасимова-Петровска.





