Од 13 до 16 јули 2022 година се одржа 74. Генерално собрание на Европскиот совет на градежни инженери - ECCE (European Council of Civil Engineers) на кое Комората ОАИ стана полноправна членка.
Повеќе: Комората ОАИ стана членка на Европскиот совет на градежни инженери (ECCE)







На 13 јули 2022 година, Општина Кисела Вода го објави Меѓународниот конурс за идејно решение за Расадник, прв Меѓународен конкурс во Македонија после 1965 година. На прес конференција беа соопштени сите детали околу конкурсот кој ќе биде отворен во наредните четири месеци.
Во периодот 23-25.6.2022 год., во хотелот Метропол во Охрид се реализираше Петтиот симпозиум на Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ). Истиот беше поддржан од страна на Меѓународното друштво за механика на карпи и инженерство во карпи (ISRM) и се спроведе во форма на Специјализирана конференција на ISRM.
Инженерите се движечката сила на секоја држава
ECEC (European council of Engineers Chambers), Европскиот совет на инженерски комори, оваа година своето Генерално Собрание го одржа во Брисел, еден ден пред одржување на 4th European Engineers Day, четвртиот Инженерски ден на Европа на тема "The New Bauhaus - the vital role of Engineering Intelligence".




