На 2 и 3 јуни 2022 година, во просториите на комората, Комората ОАИ и Градежниот Факултет при УКИМ, Скопје, организираа две стручни блок предавања на темите: „Обезбедување на квалитет и трајност на преднапрегнатите конструкции со примена на EN стандарди“ и „Мостови со коси затеги – избор и правила за проектирање, изведба, инспекција и одржување“.
Повеќе: Стручни предавања од Freyssinet (Фресине) – Франција и Градежен факултет Скопје









На 12 мај 2022 година, во Скопје се одржа стручен семинар со наслов „Нови технологии и добри практики во геодезијата”, кој воедно беше најава за Генералното Собрание на Советот на геодети на Европа (CLGE), чиј домаќин оваа година е Комората на трговски друштва за геодетски работи на РСМ.
На 11 мај 2022 година, во просториите на Комората, по две годишна пауза, се одржа стручно предавање со физичко присуство. Предавањето насловено „Инспекција на безбедноста на патиштата (Road safety inspection)“ - Законска регулатива, изготвување на извештај од инспекција (практични примери од регионот) и примена на извештајот се спроведе во организација на Одделението на сообраќајни инженери при Комората во соработка со Здружението на сообраќајни инженери на Македонија.
На 6 мај 2022 година, во Скопје, на техничкиот кампус во состав на Универзитетот Св. Кирил и Методиј се одржа отворањето на научната конференција посветена на проблематиката на животната средина GREDIT2022 Green development, green infrastructure, green technology под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Проф. д-р Стево Пендаровски, во организација на Здружението 6-та Ѕвезда, Машинскиот факултет Скопје, Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, БЕНА* (Балканска асоцијација за животна средина) и Комората на овластени архитекти и овластени инженери.





