- Посети: 1889
Нови технологии и добри практики во геодезијата
На 12 мај 2022 година, во Скопје се одржа стручен семинар со наслов „Нови технологии и добри практики во геодезијата”, кој воедно беше најава за Генералното Собрание на Советот на геодети на Европа (CLGE), чиј домаќин оваа година е Комората на трговски друштва за геодетски работи на РСМ.








На 11 мај 2022 година, во просториите на Комората, по две годишна пауза, се одржа стручно предавање со физичко присуство. Предавањето насловено „Инспекција на безбедноста на патиштата (Road safety inspection)“ - Законска регулатива, изготвување на извештај од инспекција (практични примери од регионот) и примена на извештајот се спроведе во организација на Одделението на сообраќајни инженери при Комората во соработка со Здружението на сообраќајни инженери на Македонија.
На 6 мај 2022 година, во Скопје, на техничкиот кампус во состав на Универзитетот Св. Кирил и Методиј се одржа отворањето на научната конференција посветена на проблематиката на животната средина GREDIT2022 Green development, green infrastructure, green technology под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Проф. д-р Стево Пендаровски, во организација на Здружението 6-та Ѕвезда, Машинскиот факултет Скопје, Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, БЕНА* (Балканска асоцијација за животна средина) и Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
На 31 март 2022 година, во хотелот Хилтон во Скопје се одржа конференцијата „Инфраструктурата го поттикнува развојот и ја поддржува климатската акција“ како дел од завршниот настан на проектот „Зајакнување на капацитетите на Северна Македонија за управување со јавната инфраструктура“, финансиран од Обединетото Кралство како поддршка за Кабинетот на заменик претседателот на Владата за економски прашања и имплементиран од UNOPS.





