На 10 септември 2019 година, во Хотел Белви во Скопје се одржа состанок на кој се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија и Институтот Конфуциј, Универзитет Свети Кирил и Методиј во Скопје.
Повеќе: Потпишан Меморандум за соработка со Институтот Конфуциј при УКИМ









На 28 јуни 2019 година, на платото на Музејот за современа уметност во Скопје се одржа свечена церемонија за доделување на признанието Инженерски прстен на најдобрите дипломирани студенти за 2019 година. Признанието по 16-ти пат го доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.
По повод 60 години од основањето на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), на 20.06.2019 година се одржа свечена седница на Наставно-научниот совет.
На 29 мај 2019 година, во просториите на Комората, со цел обезбедување на континуирано стручно усовршување на своите членови, во рамките на работата на Одделението на сообраќајни инженери, беше организирано предавање на тема Изработка на хоризонтална сообраќајна сигнализација - квалитет, барања и примена.





