77 Генерално собрание на Европскиот совет на градежни инженери се одржа од 5 до 7 октомври во Вилниус, Литванија. Нашата држава Република Северна Македонија во својство на делегат ја претставуваше проф.д-р Илиос Вилос дипломиран градежен инженер, кој е истовремено и заменик претседавач во Собранието на Комората. Во рамките на Собранието беше одржана и 14 интернационална конференција на тема: „Модерни материјали за градба структури и технологии”. За време на настанот Претседателот на ECCE г-дин Андреас Бранднер ја истакна важноста на доживотното учење за градежните инженери.
Повеќе: Одржано 77 Генерално собрание на Европскиот совет на градежни инженери (ECCE)








На 25.10.2023 година, со почеток во 12 часот, во просториите на Комората, Компанијата Saint-Gobain Isover одржa стручна презентација насловена Isover Technical Insulation (Техничка изолација Isover). Во рамките на стручната презентација, предавачот Иван Милосављевиќ, менаџер за техничка изолација за Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора ги претстави решенијата кои Isover ги има во областа на техничката изолација.
Комората ја пренесува официјална покана за учество на престижен настан кој е предвиден да се одржи на 6 ноември 2023 година, во 12 часот во Конференциската сала во зградата на Ректоратот на Меѓународниот Балкански универзитет во Скопје. Настанот е организиран во чест на присуството на г-дин Дејвид Кусума, претседател на Светската организација за дизајн –WDO-, кој ќе одржи убедлив говор на тема „Развивање нови материјали и технологии за максимизирање на користичките корисници“. Меѓународниот Балкански Универзитет е член на Светската организација за дизајн, и се заложува за поттикнување на иновациите, одржливоста и извонредноста на дизајнот.
На 24 октомври 2023 година, со почеток во 12 часот, во просториите на Комората се одржa промоција на новата книга на д-р Петар Николовски насловена „Современи системи за оптимална енергетска ефикасност на згради“. Ова ново дело на д-р Николовски е комплементарно надополнување на неговиот опус на стручна литература наменета за инженерите на кои предмет на интерес им е енергетската ефикасност. Д-р Петар Николовски теоретски и практично се занимава со енергетска ефикасност и градежна физика повеќе од 50 години. Автор е на 14 книги од оваа област, а докторската дисертација на тема „Линеарни топлински мостови во згради во сеизмички региони" ја има одбрането во Софија, пред Специјализиран научен совет на Вишата атестациска комисија при бугарската Академија на науки.






