На 28 април 2026 година, Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), во соработка со Друштвото за патишта на Република Македонија (ДПМ), Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и мултинационалната компанија ADFORS Saint-Gobain, организираа специјализиран еднодневен научно-стручен семинар на тема „Зајакнување на флексибилните коловозни конструкции со армирање“.
Овој семинар претставуваше извонредна платформа како за помладите, така и за поискусните градежни инженери, да се запознаат со најсовремените светски технологии за зајакнување на коловозните конструкции. Фокусот на предавањето беше ставен на напредните постапки за димензионирање на коловозните констукции со употреба на стаклено-полимерни мрежи - иновативна технологија која ефикасно ја пролонгира и значително ја редуцира појавата на пукнатините и набраздување (колотрази) во коловозите.
Read more: Научно-стручен семинар во областа на патната инфраструктура
На 23 и 24 април 2026 година во Брисел, Белгија, се одржаа ARCH-E конференцијата за архитектонски конкурси и Генералното собрание на Советот на архитекти на Европа (ACE), на кои учествуваа претставници на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Како претставници на Комората, на дводневниот настан присуствуваа Потпретседателката Веселинка Герасимова Петровска и Раководителот на Одделението на архитекти, Благојче Цветковски, со цел континуирано следење на активностите на ACE, остварување на средби и можности за вклучување во работните групи, како и приближување на членовите на Комората до европската архитектонска заедница.
Read more: Учество на Комората на ARCH-E конференцијата и Генералното собрание на ACE