- Посети: 1913
Меѓународен конкурс за идејни решенија за уредување на околината на Античкиот театар во Лариса
Почитувани членови на Комората ОАИ, ве информираме дека општината Лариса од Република Грција, објави Меѓународниот конкурс за идејни решенија за уредување на околината на Античкиот театар во Лариса со специфична покана до архитекти или мултидисциплинарни тимови составени од барем еден архитект заедно со други инженери, како што се пејзажни архитекти, урбани дизајнери итн. од целиот свет.







Во саботата на 18 септември 2021 година, со почеток во 10.00 часот во хотел Театар во Битола се одржа работна средба на Управниот одбор на Комората со собраниските делегати од Битолскиот регион.
До Комората ОАИ од Министерството за транспорт и врски, во рамките на добрата пракса за стручна соработка по важни прашања поврзани со правната регулатива и инженерството, беше доставено барање за мислење по Нацрт Законот за регулирање на статус на бесправно изградени објекти.
Во рамките на проектот Издржливо Скопје: Скалирање за одржливост, иновации и климатски промени, канцеларијата на UNDP објавува Повик за подготовка на Основен проект за редизајнирање на коридорот на кејот на реката Вардар:
Ги информираме членовите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери дека стручната Комисија формирана од Општина Центар објави Конкурс за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за локалитетот фабрика Треска.



