Во рамките на Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти која се одржа на 1 и 2 Декември 2023 година во Битола, високиот гостин, архитект Дубравко Бачиќ, член на Управниот Одбор на АЦЕ – Советот на архитекти на Европа. направи презентација за организацијата од каде доаѓа. Во своето обраќање, покрај претставувањето на Советот на архитекти на Европа (ACE) како репрезентативна организација за архитектонската професија на европско ниво, Бачиќ даде осврт на динамичките процеси во семејството на членови, кое во моментов се состои од 51 организација-членка.