×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

POSTER ZA WEB 5 MB

Петар Ристевски и Милица Савеска се млади архитекти и основачи на Македон БИМ – BIM/CAD компанија од Битола со повеќе од пет години искуство. Тие вешто работат со AutoCAD, Revit, SketchUp и 3D моделирање, а зад себе имаат магистерски студии по архитектура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Македон БИМ е специјализиран за изработка на прецизни 3D Revit модели, особено за „as-built“ објекти каде што конструктивните елементи се оштетени, недостасуваат или не се поклопуваат со постојната документација. Со користење на ласерско скенирање и Point Cloud технологии, тимот успешно го претвора реалниот објект во детална дигитална репрезентација.

06 2025 Постер за WEB

На Четвртата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти Маја Таневска и Кристијано Пијањерели од архитектонската компанија ACPV Architects Antonio Citterio Patricia Viel ќе се претстават со својата презентација „Безвременски дизајн, паметни алатки – Еволуцијата на дигиталниот дизајн на ACPV Architects Antonio Citterio Patricia Viel“. Во рамки на излагањето тие ќе го истакнат значењето на компјутерскиот дизајн во компанијата, улогата на вештачката интелигенција во дизајнот, како и развојот на прилагодените дигитални алатки за архитектонско проектирање.