На 23 и 24 април 2026 година во Брисел, Белгија, се одржаа ARCH-E конференцијата за архитектонски конкурси и Генералното собрание на Советот на архитекти на Европа (ACE), на кои учествуваа претставници на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Како претставници на Комората, на дводневниот настан присуствуваа Потпретседателката Веселинка Герасимова Петровска и Раководителот на Одделението на архитекти, Благојче Цветковски, со цел континуирано следење на активностите на ACE, остварување на средби и можности за вклучување во работните групи, како и приближување на членовите на Комората до европската архитектонска заедница.
Повеќе: Учество на Комората на ARCH-E конференцијата и Генералното собрание на ACE








На 28 април 2026 година, Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), во соработка со Друштвото за патишта на Република Македонија (ДПМ), Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и мултинационалната компанија ADFORS Saint-Gobain, организираа специјализиран еднодневен научно-стручен семинар на тема „Зајакнување на флексибилните коловозни конструкции со армирање“.
Претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери м-р Дејан Метикош и Раководителот на одделението за градежништво проф. д-р Маријана Лазаревска учествувуваа на состанокот на „Инженерската иницијатива за регионална соработка“ (IIRS), кој се одржа во организација на Инженерската комора на Србија. Главниот фокус на овој значаен регионален собир беше ставен врз дигитализацијата во областа на просторното и урбанистичкото планирање, проектирањето и изградбата.
На 15.04.2026 во Комората на овластени архитекти и овластени инженери успешно се реализира стручен семинар за заштита на електрични мрежи во здравствени установи.
Како резултат на продлабочувањето на соработката помеѓу Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) и Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 16.4.2026 година беше потпишан Меморандум за соработка, во присуство на претставници од двете институции. Комората ја претставуваа претседателот м-р Дејан Метикош и Генералниот секретар Александар Манчевски, додека од страна на Архитектонскиот факултет присуствуваа деканот проф. д-р Анета Христова Поповска и проф. д-р Марија Мано Велевска.





