- Посети: 1877
Регионална средба на архитекти и планери во Тетово

Во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери беше одржана Регионална средба на архитекти и планери во Тетово на 23.06.2023 година во простории на деловниот објект на БФМ КОМПАНИ - Тетово.








На 08.06.2023 година во просториите на Комората, во склоп на активностите на Smart Solutions - авторизиран партнер на Autodesk во Македонија заедно со Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се одржа Autodesk предавање во - петто од низата БИМ активности оваа година.
На 6 и 7 јуни 2023 година, во просториите на Комората, во соработка со компанијата ПМО доо од Србија, се одржаа стручни предавања специјализирани за архитекти и за машински инженери.
На 2 јуни 2023 година, во просториите на КОАИ, се одржа регионална средба на ИИРС - Инженерската Иницијатива за Регионална Соработка во Скопје. На средбата покрај домаќините од КОАИ, присуствуваа г-ѓа Нина Дражин Лорвец, претседателка на Хрватската комора на градежни инженери, г-дин Чертомир Ремец, претседател на Инженерската комора на Словенија, г-дин Срџан Лакович претседател на собранието на Инженерската комора на Црна Гора и г-дин Огнен Атанасов, потпретседател на Комората на Инженери во Инвестициско проектирање на Бугарија.





