На 5 мај 2023 година, во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), во соработка со Министерството за транспорт и врски (МТВ) и Заедницата на единици на локални самоуправи (ЗЕЛС) се одржа првата Работилница за Договорни органи за задолжителна примена на Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирање од страна на Договорните органи при објавување и евалуација на Огласи за јавни набавки, како дел од серијалот на планирани работилници.
Повеќе: Одржана Работилница за Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирање











Во склоп на активностите на Smart Solutions - авторизиран партнер на Autodesk во Македонија заедно со Комората на овластени архитекти и овластени инженери, на 25 април 2023 година, се одржа трето од низата БИМ активности оваа година. Темата на овој собир беше „Миграција од AutoCAD во REVIT во две недели“.





