- Посети: 9984
Одбележан Светскиот инженерски ден 2020
04.03.2020, Скопје – Градовите може да станат одржливи и да бидат подобро место за живеење доколку се искористи креативноста на инженерите, беше констатирано на денешното одбележување на Светскиот инженерски ден во Комората на овластени архитекти и овластени инженери.








На 29 февруари 2020 година, се одржа редовната годишна седница на Собрание на Комората. На седницата, меѓудругото, се усвои годишниот извештај за работата на Управниот одбор на Комората за 2019 и Програмата за работа на Комората за 2020 година.
На 26 февруари 2020 година, компанијата Geberit продажба доо, претставништво во Белград, кое обезбедува техничка, маркетинг и трговска поддршка на пазарите во Србија, Црна Гора и Северна Македонија, одржа стручно предавање во Комората ОАИ.
На 20 февруари 2020 година, на иницијатива на Драганчо Апостоловски, Координатор за регионални иницијативи при Министерство за надворешни работи на РСМ, во просториите на Комората се одржа средба со делегација на градежни компании од Романија предводена од романскиот амбасадор во РСМ, Н.Е. Виорел Станила.





