Во периодот од 22-25 март 2018 на Технолошко-Металуршкиот факултет во Скопје се одржа дводневната научна конференција GREDIT 2018. Ова е втора конференцијата во организација на Балканската асоцијација за животна средина (БЕНА).
Потенцирање на важноста на зелените пристапи при управување со животната средина, преку планирање и имплементација/искористување на еколошките технологии и системи во одржливите Зелени инфраструктури, е цел на дводневната меѓународна научна конференција „GREDIT 2018“.
„Како одговорни членови на нашите заедници, препознаваме и разбираме дека наша е одговорноста да ги вложиме сите напори за постигнување Одржлив развој за нашите идни генерации. Плодовите на развојот, како што се модерните услови за живеење или практичните секојдневни добра, можеби сега се „слатки“, но најверојатно ќе станат „кисели“ доколку продолжиме да ги деградираме животната средина и природните ресурси, како што се квалитетот на воздухот, водата и почвата.
Повеќе: Во Скопје се одржа втората меѓународна научна конференција GREDIT 2018