Врз основа на член 24 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 32 од 10.2.2020 година), изготвен е ПРЕДЛОГ текст на Правилникот за урбанистичко планирање. Во член 24 став (4) од Законот за урбанистичко планирање е уредено извршување на СТРУЧНА РАСПРАВА за Правилникот за урбанистичко планирање, но заради вонредната состојба во моментов и почитување на мерките и препораките од Владата на Република Северна Македонија, оваа расправа ќе се спроведе по електронски пат.
Повеќе: СТРУЧНА РАСПРАВА по Предлог текст на Правилникот за урбанистичко планирање