Повеќе: Прв ден од Третата Годишна средба на архитекти и урбанисти
Комората на овластени архитекти и овластени инженери како постојана членка на Европскиот Совет на Инженерски комори (ЕCEC – European Council of Еngineers Chambers), ги пренесува последните известувања од Европската Комисија, како што се:
• Настан за обука за локалните власти во Ирска: Вградување на новите европски Баухаус стратегии за регенерација на градовите.
• Придружете се на онлајн настанот во живо, „Нов европски Баухаус: Ажурирања и можности за напредување“, и откријте што е ново и што претстои за NEB.
26-то Генерално собрание на ECEC (European Council of Еngineers Chambers ) се одржа на 22 ноември 2024 година во Фрајштат, Австрија со широк спектар на дискусии, извештаи и информации.
Собранието беше изборно и се изврши избор на Претседател, генерален секретар, три потпретседатели и благајник. Изборот на Претседателката на Комората М-р Кристинка Чулак за Потпретседател на ЕЦЕЦ за мандатиот период 2025-2028 година е уште една потврда за позитивните политики на раководството на Комората и исклучителната посветеност и интегрираност кон современите текови на Европската Унија.
Комората како членка на ИКОМОС , ги пренесува темите од објавените информации за тековниот месец ноември 2024 година:
• Добитници на наградата за култура-природа на ИКОМОС за 2024 година.
• Tрансхумантната иницијатива за светско наследство на ИКОМОС започна повик за придонеси за постери за експертската конференција за трансхумантното наследство.
Ве известуваме дека од страна на техничкиот комитет ИСРСМ ТК 25 - Бетон, производи од бетон и ѕидарија при ИСРСМ, е подготвен нов македонски национален стандард,"НМКС 1030 - Правила за примена на МКС EN 13670:2010 Изведување на бетонски конструкции".
Преземи Анекс кон ценовникот за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата
[Службен весник на РСМ бр.54 од 13.03.2023 година]
Преземи ценовник за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата
[Службен весник на РСМ бр.259 од 01.12.2022 година]
Преземи ценовник со табели во боја
Преземи Анекс на ценовник со табели во боја
За да го користите Калкулаторот потребно е да дадете дозвола на Вашиот компјутер да извршува Macro команди и да овозможите кирилична поддршка во Windows > Regional Settings > Language for non-Unicode programs.
Преземи Упатство за работа на Комисија за постапување по пријави за непочитување на Ценовникот високоградба
Образец за пријава до Комисија за постапување по пријави за непочитување на Ценовникот високоградба
Преземи Упатство за формирање на цена со примена на Ценовникот за висината на минималниот надомест за инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата