- Посети: 808
Информации од Европската Комисија, јануари 2024
Комората ги пренесува информациите од Европската Комисија кои се однесуваат на:
- Политичкиот договор за новите правила за зајакнување на енергетските перформанси на зградите низ ЕУ.
- Започнатиот конкурс за следниот европски зелен главен град во 2026 година.
- Извештајот за напредокот за постигнување на еколошките цели на ЕУ 2023 година.
- Информација за Европска недела на одржлива енергија EUSEW 2024 - најголемиот настан на Комисијата за одржлива енергија.
- Информација за Европско триенале на модернизмот.
- Инфо сесија за ажурирања на Новата европска иницијатива Баухаус и новиот европски фестивал Баухаус планиран за 9-14 април 2024 година, кој ќе се одржи во Музејот на уметност и историја во Брисел итн.
Повеќе информации на следниот линк







Комората ја пренесува информацијата за настанот што се подготвува за месец мај 2024 година, организиран од весникот и подкаст
Присутните на свеченоста Ден на Комората кој се одржа на 22 декември 2023 година имаа можност да го проследат свеченото доделување на четирите годишни награди кои се доделуваат по 10ти јубиларен пат во знак на благодарност и почит за творештвото на своите членови - архитекти и инженери.
Комората доделува 4 награди на архитекти и инженери за време на свеченоста „Ден на Комората“ на годишно ниво. Наградите се доделуваат за оддавање на благодарност и почит за творештвото на своите членови – архитекти и инженери. Директната цел со овој вид на признанија е поттикнување на јавната афирмација на трајните вредности, промоција на општествената улога на професијата и валоризирање на достигнувањата. Четирите годишни награди се доделуваат на членови на Комората од најбројните одделенија т.е архитектура и урбанизам, градежништво, електротехника и машинство. Наградата од областа на електротехника е насловена по еден од најистакнатите дејци во областа, а тоа е професорот Проф. д-р Станимир Јовановски, докторанд на Електротехничкиот факултет во Загреб и некогашниот шеф на катедрата за електромашини.
Денот на Комората се одржа на 22 Декември 2023 година каде што по десетти јубиларен пат беа доделени четири награди од струките Архитектура и Урбанизам, Градежништво, Електротехника и Машинство. 



