На 18 април 2019 година, на покана од Лимак Холдинг, претставници од одделнијата на градежни инженери, електро инженери и машински инженери при Комората ОАИ ја посетија изложбената презентација на мултифункционалниот деловно – резиденцијален комплекс „Дајмонд Скопје“ кој е во фаза на градба.
Повеќе: Запознавање со мултифункционалниот деловно – резиденцијален комплекс „Дајмонд Скопје“







Во периодот од 8 до 11 април 2019 година, под покровителство на УНЕСКО и почесно покровителство на претседателот на Словенија Г-дин Борут Пахор, во Љубљана, се одржа World Construction Forum 2019. Темата на собирот беше „Градби и издржливост на инфраструктура“ (на англиски - Buildings and Infrastructure Resilience).
На 16 април 2019 година, во просториите на Комората се одржа презентација на компанијата Белимо - водечки светски бренд од областа на автоматиката во климатизацијата. Белимо како главен и единствен бизнис ги преставува извршните елементи во поле од HVAC автоматиката во инсталациите за греење, ладење, вентилација и климатизација.
Во средата, на 10 април 2019 година, во салата за конференции на Комората се одржа предавање на тема „BAU after BAU – фасадните иновации од Schüco, претставени на саемот BAU 2019 во Минхен“ во организација на компанијата Алуконигштал.




