Почитувани членови на КОАИ,
Ве известуваме дека Централната Изборна Комисија донесе Термин план поврзан со завршување на постапките од изборниот процес за Изборите 2025-2029 во Комората.
Врз основа на тоа, Централната Изборна Комисија информира дека:
- од 27.10. до 5.11.2025 година - се објавува Повик за доставување на кандидатури за избор на делегат во Собранието на Комората од одделение Геотехника за Регион 1, 2, 3, 4 и 5 (се избира еден делегат),
- од 27.10. до 10.11.2025 година - се објавува Повик за кандидатури за Раководители и Заменик раководители на професионални одделенија за Урбанистичко планирање и Животна средина,
- од 27.10. до 12.11.2025 година - се објавува повик за кандидатури за Потпретседател на Комората.
Кандидатурите за сите повици се доставуваат во архивата на Комората или се праќаат во електронска форма на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., во предвидените рокови.
Со почит,
Централна изборна комисија
Председател,
Д-р Анастасија Трајковска
Повеќе: Информација и термин план за завршување на изборниот процес







На седницата одржана на 4 октомври 2025 година, Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери го избра м-р Дејан Метикош, градежен инженер, за Претседател на Комората за мандатниот период 2025-2029.
Делегација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери учествуваше на „17 Денови на електроинженери“, одржани во Бол на Брач од 02 до 04 октомври 2025 година, на покана на Хрватската комора на инженери електротехника. Настанот беше со досега најголема посетеност, со приближно 1300 учесници – инженери, предавачи, гости од соседните инженерски комори и претставници на спонзорите.
Во периодот од 12-20 Ноември, 2025 година, ќе се оддржи 7 Биенале на Балканска архитектура, манифестација која обединува повеќе земји од регионот на Југоисточна Европа. Изложбата „НОВИОТ БАУХАУС НА БАЛКАНОТ“ треба да ги изрази идеалите на школата Баухаус прифаќајќи ги принципите за едноставност, функционалност и холизам препознаени во балканската архитектура преку истражувањата за одржливоста, екодизајнот и ангажирањето на заедницата.
На 25 септември 2025 година, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија (Комора ОАИ) и Комората на вештаци на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка. Документот беше потпишан од претседателите м-р Кристинка Чулак (Комора ОАИ) и проф. др. Виктор Камнар (Комора на вештаци). Целта е унапредување на коморското работење преку координација, размена на знаења и заеднички активности од заеднички интерес.



