
Со големо задоволство ве покануваме на 20-тиот Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија, кој ќе се одржи на 28-29 септември 2023 година во Скопје. Оваа значајна манифестација годинава ќе го носи мотото „ОТПОРНИ КОНСТРУКЦИИ“. Комората на овластени архитекти и овластени инженери е ко-организатор и медиумски покровител на Симпозиумот.
Повеќе: 20-ти Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија







Во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери беше одржана Регионална средба на архитекти и инженери во Големиот амфитеатар – Кампус 2 на Универзитет „Гоце Делчев“ Штип на 23.09.2023 година (сабота), со почеток од 12:00 часот. Во име на Комората се обрати Претседателката Кристинка Чулак, заблагодарувајќи се на колегите-инженери за присуството во толку голем број и за покажаниот интерес за актуелните случувања во професијата, со особен акцент врз неопходноста од почитување на ценовниците.„Да се почитуваме самите себе, за да нѐ почитуваат и останатите учесници во градбата“, рече таа. Како стручен модератор во континуитет на средбата даваше професионални експликации за сите отворени прашања. Подршката од највисоко државно ниво се покажа преку присуството на Министерот за транспорт и врски, господинот Благој Бочварски кој позитивно одговори на упатената покана од Претседателката на Комората.
Имплементацијата на „Еврокодовите“ - Европските стандарди за проектирање градежни конструкции кои стапија на сила на 2 септември 2020 година и имаат паралелна примена (со последна измена на Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање од август 2023 ) до 2 септември 2024 година, со препознатлив успех се остварува преку активностите на Комората.
Оваа година, Инженерската Комора на Србија прослави јубилеј 20 години од своето постоење и работа. По повод прославата на овој значаен јубилеј, што се одржа во средината на месец јуни во Белград - Република Србија, на покана на раководството на Инженерската Комора на Србија, како претставници на Комората на овластени архитекти и овластени инженери присуствуваа Претседателката Кристинка Чулак и Потпретседателот Дејан Метикош. Во насока на зацврстување и одржување на континуитет на отпочнатата соработка на коморите од регионот, а во рамки на Инженерската Иницијатива за Регионална Соработка (ИИРС), присуството на настанот на Инженерската Комора на Србија беше искористено да се разменат искуства во работењето на двете комори.
Во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија од 14 до 29 септември 2023 година ќе се одржи Биеналето на македонската архитектура - БИМАС 2023. 



