Комората ја пренесува официјална покана за учество на престижен настан кој е предвиден да се одржи на 6 ноември 2023 година, во 12 часот во Конференциската сала во зградата на Ректоратот на Меѓународниот Балкански универзитет во Скопје. Настанот е организиран во чест на присуството на г-дин Дејвид Кусума, претседател на Светската организација за дизајн –WDO-, кој ќе одржи убедлив говор на тема „Развивање нови материјали и технологии за максимизирање на користичките корисници“. Меѓународниот Балкански Универзитет е член на Светската организација за дизајн, и се заложува за поттикнување на иновациите, одржливоста и извонредноста на дизајнот.
Повеќе: Предавање на Дејвид Кусума Претседател на Светската дизајн организација







На 24 октомври 2023 година, со почеток во 12 часот, во просториите на Комората се одржa промоција на новата книга на д-р Петар Николовски насловена „Современи системи за оптимална енергетска ефикасност на згради“. Ова ново дело на д-р Николовски е комплементарно надополнување на неговиот опус на стручна литература наменета за инженерите на кои предмет на интерес им е енергетската ефикасност. Д-р Петар Николовски теоретски и практично се занимава со енергетска ефикасност и градежна физика повеќе од 50 години. Автор е на 14 книги од оваа област, а докторската дисертација на тема „Линеарни топлински мостови во згради во сеизмички региони" ја има одбрането во Софија, пред Специјализиран научен совет на Вишата атестациска комисија при бугарската Академија на науки.
На 18 Октомври 2023 (среда) во рамките на остварувањето на основните статутарни определби на Комората меѓу кои и воспоставувањето и развивањето на соработка со професионални здруженија и организации на барање на Здружението за еколошко одржлив развој ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ се одржа заеднички состанок во просториите на Комората.
Во склоп на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери заедно со 



