- Посети: 5118
М-р Кристинка Радевски, нов претседател на Комората
Почитувани членови на Комората,
Голема е честа и задоволството, но и сериозна професионална обврска, во наредните четири години да се предводи Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Заедно со членовите на органите на раководење и со тимови од професионалци кои се залагаат за истите вредности, ќе го продолжиме патот на развој и етаблирање на Комората како самостојна, професионална и независна организација која постои за да ги штити интересите на инженерите и ги претставува нивните размисли за сите инженерски прашања во професионалното работење и во јавноста.








Струковата комора на електроинженери на Комората на инженери на Црна Гора ќе организира традиционален професионален собир во текот на месец ноември 2021 година, насловен „ПЕТТИ ДЕНОВИ НА ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕРИТЕ НА ИКЦГ“. Комората на инженери на Црна Гора упатува покана до инженерите од Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија да учествуваат со свои трудови на овој стручен собир.






