
На 13 март 2023 година во Службен весник на РСМ бр.54 е објавен Анекс на Ценовникот за инженерски услуги - ценовник за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата.
Повеќе: Анекс на Ценовник за инженерски услуги за високоградба







Новиот Меѓународниот конкурс за Расадник се отвора на 15 март 2023 година и во наредните четири месеци, ќе биде предизвик за сите оние кои ќе понудат иновативни решенија кои ќе обезбедат квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Кисела Вода. Конкурсот се спроведува во соработка со Архитектонскиот Факултет Скопје, Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Асоцијацијата на Архитекти на Македонија.
На 23 февруари 2022 година во просториите на Комората, се одржа стручно предавање на тема „Основни начела на монтирање и контрола на системите за сува градба“. Ова предавање е прво од серијата предавања кои ќе одржат во наредниот период како резултат на продлабочената соработка на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и компанијата КНАУФ.
Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора, објави меѓународен архитектонски конкурс за концептуалното архитектонско решение за Општа болница во Пљевљa.




