
„Порта 3“ како единствено списание за архитектура, градежништво и екологија, повеќе од 15 години од излегување на првиот број се труди да афирмира вистински вредности, да пофали, но и да критикува, преку текстови на Редакцијата и соработниците. Во рамките на своето делување „Порта 3“ воспостави и награди во трите области со кои се занимава. Оваа година наградата се доделува по четврти пат.
Петчлената Комисија составена од архитекти, екологист и градежен инженер, за доделување годишна награда „Порта 3“ од областа архитектура, екологија и градежништво 2022 година, одлучи наградата за #архитектура да ја додели на Одделението за архитектура и Одделението за урбанизам при Комора на овластени архитекти и овластени инженери.
Повеќе: Комората ОАИ добитник на Годишната награда ПОРТА 3 за 2022








Оваа година Комората на овластени архитекти и овластени инженери го одбележа својот јубилеј 15 години постоење.
На 15.12.2022 година, во организација на канцеларијата на UNDP во Македонија, со поддршка на Владата, се одржа Бизнис форумот насловен „Можности и предизвици за развој на приватниот сектор во услови на криза“ во хотелот Холидеј Ин.
На 13.12.2022 година, во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери беше потпишан меморандум за соработка со Комора на трговски друштва за геодетски работи. Со овој меморандум се официјализираше соработката помеѓу овие две Комори, но се утврдени и начелата за взаемни активности во различни области на соработката. Меморандумот за соработка го потпишаа м-р Кристинка Радевски, Претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и м-р Никола Рибароски, Претседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи.




