Комората ја пренесува информацијата за настанот што се подготвува за месец мај 2024 година, организиран од весникот и подкаст „Архитекта“ од Беград Србија. Настанот е наречен „Архитекта Форум“, со темата: „Next Level“, а место на одржување ќе биде салата на МТС во Белград (некогашниот Дом на синдикати). Целта на настанот е собир на светски дизајнери кои лично ќе и се обратат на публиката на 7 и 8 мај 2024 година.
Во продолжение линкови за предвидените предавачи:
Martin Lesjak, Sergei Tchoban, Michiel Riedijk, Peter Cook, Eui-Sung Yi
Преземи агенда
За повеќе информации обратете се на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.








Присутните на свеченоста Ден на Комората кој се одржа на 22 декември 2023 година имаа можност да го проследат свеченото доделување на четирите годишни награди кои се доделуваат по 10ти јубиларен пат во знак на благодарност и почит за творештвото на своите членови - архитекти и инженери.
Комората доделува 4 награди на архитекти и инженери за време на свеченоста „Ден на Комората“ на годишно ниво. Наградите се доделуваат за оддавање на благодарност и почит за творештвото на своите членови – архитекти и инженери. Директната цел со овој вид на признанија е поттикнување на јавната афирмација на трајните вредности, промоција на општествената улога на професијата и валоризирање на достигнувањата. Четирите годишни награди се доделуваат на членови на Комората од најбројните одделенија т.е архитектура и урбанизам, градежништво, електротехника и машинство. Наградата од областа на електротехника е насловена по еден од најистакнатите дејци во областа, а тоа е професорот Проф. д-р Станимир Јовановски, докторанд на Електротехничкиот факултет во Загреб и некогашниот шеф на катедрата за електромашини.
Денот на Комората се одржа на 22 Декември 2023 година каде што по десетти јубиларен пат беа доделени четири награди од струките Архитектура и Урбанизам, Градежништво, Електротехника и Машинство.
Во рамките на свеченоста Ден на Комората која се одржа на 22 Декември 2023 година во салата на Комората по 10 јубиларен пат беа доделени 4 награди од струките Архитектура и Урбанизам, Градежништво, Електротехника и Машинство.





