На 27 ноември 2019 година, во Салата за конференции на Комората ОАИ, ПМИ Македонија, локален огранок на Project Management Institute од USA ја организираше втората по ред конференција од областа на проектниот менаџмент.
Повеќе: Информација за Втора конференција од областа на проектниот менаџмент








На 30 декември 2019 година, во Скопје се одржа состанок на Инженерската иницијатива за регионална соработка (ИИРС). На состанокот беа присутни делегации од Комората на градежни инженери и Комората на електро инженери на Хрватска, Комората на инженери на Словенија, Комората на инженери на Црна Гора, Комората на инженери и инвестициски дизајн на Бугарија и претставници од Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Р.С. Македонија.
Во саботата, на 23 ноември 2019 година, во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, предавање одржа Матеја Катрашник, архитект од Марибор, Словенија на тема „Јавен простор како дневна соба на градот“.
Во Мелбурн, Австралија во рамки на изборот на нов претседател на светската инженерска федерација се одржаа следните настани
На 7 и 8 ноември 2019 година во Скопје, во хотелот „Double Tree by HILTON“ се одржа Првиот Македонски Конгрес за патишта. Конгресот претставува успешен почеток на една традиција во организација на вакви научно – стручни собири.





