- Посети: 11904
Општествена одговорност – заштита на природата
Следејки ја одлуката на Владата, да не набавува пластична амбалажа за потребите на Владата, Комората како општествено одговорна институција, одлучи за своите потреби, како и при организација на семинари за професионалне развој, да не набавува вода и други пијалаци во пластична амбалажа, како и пакувања на шеќер, пластични лажички, пластични сламки, пластични чаши и пластичен прибор за еднократна употреба.








На 4 декември 2019 година, во салата за конференции на Комора ОАИ, во рамките на работата на Одделението на сообраќајни инженери и во соработка со Здружението на сообраќајни инженери на Македонија, се одржа предавање на тема: „ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ СО ИЗБОР НА СОВРЕМЕНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ХОРИЗОНТАЛНА И ВЕРТИКАЛНА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА ВО УСЛОВИ НА НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ“
На 27 ноември 2019 година, во Салата за конференции на Комората ОАИ, ПМИ Македонија, локален огранок на Project Management Institute од USA ја организираше втората по ред конференција од областа на проектниот менаџмент.
На 30 декември 2019 година, во Скопје се одржа состанок на Инженерската иницијатива за регионална соработка (ИИРС). На состанокот беа присутни делегации од Комората на градежни инженери и Комората на електро инженери на Хрватска, Комората на инженери на Словенија, Комората на инженери на Црна Гора, Комората на инженери и инвестициски дизајн на Бугарија и претставници од Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Р.С. Македонија.





