На 20 октомври 2022 година во конференциската сака на Комората беше промовирана книгата на д-р Петар Николовски, „Градежна физика - Основа на енергетска ефикасност на згради”, каде како издавач се јавува Комората на овластени архитекти и овластени инженери. На промоцијата беа присутни и рецензентите на книгата проф. д-р Александар Рајиќ од Белград, Република Србија и проф. д-р инж. Димитар Назарски од Софија, Република Бугарија. Поздравен говор на отварањето на настанот даде претседателот на Комората м-р Кристинка Радевски.
Повеќе: Промоција на книгата Градежна физика - Основа на енергетска ефикасност на згради