На 6 октомври 2022 година, во салата за конференции на Комората ОАИ се одржа предавање на тема „Модернизација и реконструкција на пругата Белград-Будимпешта на територија на Република Србија-ЕТЦС-ниво 2 (European Train Operation Control System). Предавањето го одржа инженер Милан Јанкулоски, надзорен инженер за сигнално-сигурносните постројки на железницата, потенцирајки го добриот пример за соработка со двете водечки кинески компании од областа на сигналните и телекомуникациските системи CRSC и HUAWEI.
Повеќе: Одржано предавање на тема модернизација на железници - Белград-Будимпешта