На 7 декември 2022 година во просториите на Комората, се одржа стручно предавање на тема „Принципи на пасивната противпожарна заштита“. На предавањето беа презентирани темите: Теоретски принципи на пасивната противпожарна заштита и Материјали и технологии за пасивната противпожарна заштита. Собирот го отвори м-р Кристинка Радевски, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Во своето обраќање ги поздрави присутните, ја афирмирше заложбата на Комората за унапредување на противпожарната заштита на објекти и информираше за работата на Стручната комисија за ревизија на регулативата за пожарна безбедност која работи во рамките на Комората.
Повеќе: Одржано стручно предавање: Принципи на пасивната противпожарна заштита