На 6 јуни 2018 година во Комората се одржа предавање на тема „Имплементација на системи за громобранска заштита од конвенционален тип“. Презентацијата на високо квалитетните системи за громобранска заштита и уреди за заземјување, од програмата на J.PRÖPSTER-Германија, една од најголемите компании во светот за производство на најсофистицирани елементи за надворешна и внатрешна громобранска заштита, ја спроведоа предавачите дипл.маш.инж. Кристина Николовска и Борјан Поповски од БЛИЦ ГАРД Скопје.
Повеќе: Предавање „Имплементација на системи за громобранска заштита од конвенционален тип“