- Посети: 16
Претставници на организациите членки на ECEC

Претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, м-р Дејан Метикош, присуствуваше на собранието на ECEC во Мадрид, каде водечки професионалци од цела Европа дискутираа за предизвиците и приоритетите на инженерската професија.
На состанокот беа разгледани клучни теми како достапни домови, при што беа презентирани иновации во градежништво, а интерактивните дискусии ја обликуваа идната визија за секторот. Исто така, беше истакната важноста на јавното набавување и Quality-Based Selection, со примери на најдобри практики и водичот од Луксембург кој промовира транспарентни и ефикасни процеси на набавка.
Подготвеноста и индустриските промени беа дополнително разгледани од Европската економска и социјална комисија, отворајќи конструктивни дискусии за адаптација на индустријата. Професионалното признавање, исто така, беше во фокусот на состанокот, со потенцирање на напорите за заедничка рамка за обука на градежни инженери, со цел унапредување на признавањето, мобилноста и пристапот на пазарот низ Европа.
Изразуваме искрена благодарност до Colegio de Ingenieros de Caminos, Canales y Puertos и Unión Profesional de Colegios de Ingenieros (UPCI) за топлиот прием и гостопримството во Мадрид.








Како дел од стратешката иницијатива „Инженерот на прво место“, Комората продолжува со обезбедување конкретни придобивки и поддршка за професионалниот развој на своите членови.
На 23 и 24 април 2026 година во Брисел, Белгија, се одржаа ARCH-E конференцијата за архитектонски конкурси и Генералното собрание на Советот на архитекти на Европа (ACE), на кои учествуваа претставници на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
На 28 април 2026 година, Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), во соработка со Друштвото за патишта на Република Македонија (ДПМ), Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и мултинационалната компанија ADFORS Saint-Gobain, организираа специјализиран еднодневен научно-стручен семинар на тема „Зајакнување на флексибилните коловозни конструкции со армирање“.
Претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери м-р Дејан Метикош и Раководителот на одделението за градежништво проф. д-р Маријана Лазаревска учествувуваа на состанокот на „Инженерската иницијатива за регионална соработка“ (IIRS), кој се одржа во организација на Инженерската комора на Србија. Главниот фокус на овој значаен регионален собир беше ставен врз дигитализацијата во областа на просторното и урбанистичкото планирање, проектирањето и изградбата.





