05.09.2018, Скопје – Книгата „Градови за луѓе“ од светски познатиот професор и архитект Јан Гел, денес, беше промовирана и на македонски јазик во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.
Повеќе: Промовирана книгата „Градови за луѓе“ од професор Јан Гел









По иницијатива на дел од членовите на Одделението на архитекти од Битолскиот регион, во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија и РЕХАУ Македонија, на 21ви јуни 2018 година во просториите на Техничкиот факултет во Битола се одржа презентација „Модерни системи за градежна техника – РЕХАУ површински системи за греење и ладење“.
На 14 јуни 2018 година, во Белград, по повод 15 години од основањето на српската Инженерска комора се одржа пригодна прослава на која присуствуваа проф. Д-р Миле Димитровски и Раде Лазаревски, претседател и потпретседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија.





