Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, на 18 декември 2017 одбележа 10 години од своето постоење.
„Архитектите и инженерите треба да создаваат иднина преку креирање нов технолошки поефикасен свет, но и да создадат подобри услови за работа и живот на граѓаните. Затоа, глобална водилка на понатамошниот развој е создавање автономна, модерна и ефикасна Комора, базирана на најдобрите искуства, традиција и стандарди на европските комори“, во свеото обраќање порача претседателот на Комората, професор д-р Миле Димитровски.
Повеќе: 10 ГОДИНИ КОМОРА НА ОВЛАСТЕНИ АРХИТЕКТИ И ОВЛАСТЕНИ ИНЖЕНЕРИ








На 17 Ноември 2017 год. во салата за конференции при Комората на ОАИ се одржа предавањето на тема: “ЗАШТИТНА ОГРАДА - ЕВРОПСКИ СТАНДАРД EN1317 И ПРОБЛЕМИ СО ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА. Известување за предавањето беше пуштено на сите сообраќајни инженери од именикот на Комората кој брои 121 инженер. На предавањето присуствуваа 40 инженери, каде покрај сообраќајните инженери присутни беа градежни инженери со смер патишта и железници. Предавањето се одржа по планираниот протокол со кафе пауза на средина од предавањето. Задоволството и интересот на инженерите беше видливо, бидејќи ваквите предавања овозможуваат и меѓусебно дружење и соработка на професионален план. По завршувањето на предавањето дел од присутните продолжија со дидскусија на темата со предавачот и беа поделени потврдите за присуство на настанот.





