На 8 февруари 2022 година, со почеток во 14.30 часот се одржа промоцијата на книгата Градежна физика – основа на енергетска ефикасност на зградите од проф. д-р Петар Николовски. Промоцијата се одржа електронски преку платформата ZOOM, а во исто време беше пренесувана во живо на Facebook страната на Комората. На отворањето, со пригоден говор, се обрати м-р Кристинка Радевски, Претседател на Комората. Таа во своето излагање изрази задоволство што токму Комората е издавач на оваа книга и го нагласи нејзиното значење како монументално дело во струката.
Повеќе: Промоција на книгата Градежна физика – основа на енергетска ефикасност на зградите