- Посети: 533
Одржана обука „Антикорупција во урбанистичкото планирање и развој на инфраструктурата на локално ниво“
Во рамки на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ (BMCPI) – Фаза 2, кој го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој (БРР), Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС), општините, како и Центрите за развој на планските региони, на 3 и 4 април 2024 година во Маврово, се одржа дводневна обука на тема „Антикорупција во урбанистичкото планирање и развој на инфраструктурата на локално ниво“.
Целта на оваа обука беше зголемување на капацитетите на граѓанските организации во примената на антикорупциските политики во сферата на урбанистичкото планирање и спроведувањето на инфраструктурните проекти, како и ефективното следење на соодветните процеси на локално ниво.