- Посети: 246
Јубилеј - 20 години Инженерска Комора на Србија
Оваа година, Инженерската Комора на Србија прослави јубилеј 20 години од своето постоење и работа. По повод прославата на овој значаен јубилеј, што се одржа во средината на месец јуни во Белград - Република Србија, на покана на раководството на Инженерската Комора на Србија, како претставници на Комората на овластени архитекти и овластени инженери присуствуваа Претседателката Кристинка Чулак и Потпретседателот Дејан Метикош. Во насока на зацврстување и одржување на континуитет на отпочнатата соработка на коморите од регионот, а во рамки на Инженерската Иницијатива за Регионална Соработка (ИИРС), присуството на настанот на Инженерската Комора на Србија беше искористено да се разменат искуства во работењето на двете комори.